Туристичка агенција - Кондор

Т.а Кондор започна со работа во мај 1990 година како една од првите приватни туристички агенции во р.македонија.

Во овој 17 годишен период бележиме постојан раст во сите области и аспекти на туристичкото работење, ги прошируваме содржините и го унапредуваме квалитетот на својата понуда.

Нашата основна дејност е организирање на:

  • летувања и зимувања како во домашните така и во мегународните туристички центри
  • туристички патувања во земјата и странство;
  • организација и учество на саеми, конгреси и семинари во земјата и странство;
  • продажба на авио билети за сите дестинации;
  • резервација на хотелски соби ширум светот;
    ученички и студентски екскурзии во земјата и странство;
  • автобуски превоз;
  • изнајмување на автобуси, мини буси и комбиња;
  • посредување при вадење визи.
Познати по својата професионалност и квалитет ви стоиме на располагање при остварување на сите ваши желби.

Share this post